ЗА МЕНЕ
Iva BL
Јас сум Iva BL, професионален makeup артист со искуство стекнато преку две години работа во студио за шминкање. Мојата најголема пасија е уметноста на шминката – ова не ми е само професија, туку животна цел и нешто во што секојдневно вложувам љубов, труд и креативност.
Верувам дека секоја девојка заслужува да се чувствува посебно, затоа моите клиенти се на прво место – ги обожавам, ги слушам и заедно создадовме доверба и убави моменти кои ме мотивираат да напредувам.
Во работата користам врвна, професионална и внимателно избрана козметика, со цел секој изглед да биде беспрекорен, долготраен и прилагоден на индивидуалниот стил.
Шминкањето за мене е повеќе од занает – тоа е процес на трансформација, самоизразување и самодоверба. Со радост ве пречекувам во мојот свет на убавина, каде секој детал е посветен токму на вас. ✨💄

