top of page

УСЛУГИ

viber_image_2025-12-05_11-40-03-471_edited.jpg

BUDGET

Friendly

На денот кога сè треба да биде беспрекорно, невестинската шминка има клучна улога – таа не само што треба да ве направи уште поубава, туку треба  и да ви даде самодоверба, сјај и издржливост низ целиот ден. Со невестинската шминка добивате: прецизно изработен изглед што ги нагласува вашите природни црти, вклучени се трепки. Исто така работам со висококвалитетна шминка како(Nars,Rare Beauty,Patrick Ta,Huda и др.), дерматолошки тестирана козметика, погодна за секој вид на кожа. Овој вид на шминка има издржливост до 24 часа, без размачкување и избледување. Со нетрпение очекувам да бидам дел од твојот најважен ден 

 

Времетраење: 90 минути

Цена: 4 000 ден.

Невестинска шминка

Стандард шминка

standard 11.jpg

BUDGET

Friendly

Мојата стандард шминка е создадена за сите жени и девојки кои сакаат уреден, свечен и траен изглед за специјални настани. Без разлика дали сте гостинка на свадба, кума, свекрва, старосватица, славите роденден или присуствувате на било кој важен настан – шминката е внимателно усогласена со вашиот стил, комбинација и атмосферата на самата прослава.​

Користам внимателно одбрана козметика што изгледа природно, а сепак остава впечаток на елеганција и уредност.

Стандард шминката е идеална за оние кои сакаат да изгледаат дотерано и женствено, без премногу нагласен изглед – совршен баланс помеѓу природно и свечено.

 

Времетраење: 75 мин.

Цена: 2 000 ден.

Матурска шминка

viber_image_2025-12-05_11-16-08-208.jpg

BUDGET

Friendly

Наменета за матурантки и апсолвентки кои сакаат елегантен и траен изглед за својот голем ден. Усогласена со стилот, боите и атмосферата на прославата. Вклучува: Свеж и фотогеничен тен, истакнати очи, долготрајни усни, трепки по желба, деколте, трајност која држи цела вечер.

Разликата во однос на Стандард шминката е вклученоста на деколтето кај матурантките.

 

Времетраење: 75 мин.

Цена: 2 500 ден.

Шминка за табло

viber_image_2025-12-05_11-10-04-743.jpg

BUDGET

Friendly

Шминка за табло – нежна, наменета за фотографирање во студио
Оваа услуга е наменета исклучиво за матурантки и апсолвентки кои сакаат да изгледаат беспрекорно на своето табло. Шминката е внимателно прилагодена за камерата – израмнет тен, нежно дефинирани очи, природно истакнати усни и вештачки трепки кои додаваат посебен сјај.

 

 

 

 

Времетраење: 60 мин.

Цена: 1 500 ден.

bottom of page